Трик за беспрекорно сложување на облеката (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Секој од нас има свој начин за сложување на облеката во орманот, но сега јапонски експерт открива најпаметна метода која ќе ви заштеди дополнителен простор на полиците.

Loading...

Марие Кондо смислила метода која ја нарекла „вертикално сложување“ со помош на која секогаш ќе имате одличен поглед на облеката од птичја перспектива и сета облека ќе биде видлива за окото.

Нејзината метода ја демонстрирал стилистот Марк Хејес. Методата е примелива на џемпери, маици со кратки ракави, панталони, па дури и шалови.

Најпрвин сложете ги маиците со кратки ракави на класичен начин, а потоа превиткајте додека целосно не ја намалите површината.

Марие предлага да набавите мали кутии кои ќе ги ставите во фиока, а потоа во нив ќе ги сортирате предметите како што ви одговара.

На овој начин ниту едно парче облека нема да заврши на дноро, туку ќе биде сложено едно покрај друго.

Leave a Reply