Триенаесет млади кумановци ќе се обучуваат за занаетчиска дејност

Сподели со своите пријатели

Започна имплементацијата на проектот преку кој тринаесет млади кумановци на возраст до 29 години, ќе бидат обучени во рамки на проектот „Стекнување вештини за дефицитарни кадри“.

Loading...

Проектот го спроведуваат Центарот за вработување  – Куманово и Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ со финансиска поддршка од ЕУ.

Активните баратели на работа ги потпишаа договорите со што ќе започнат со обуки во повеќе компании со различна дејност. Ќе се обучуваат за фризери, чевлари, монтери, гипсери, фасадери, заварувачи и реставратори.

– Проектот формално од денеска почна да се спроведува, а дел од договорите со фирмите се потпишани и лицата се на обука. Проектот веќе се применува во источно-европските земји, изјави раководителот на Центарот за вработување – Куманово, Милорад Тренчевски.

Обуката за дефицитарни струки ќе трае пет месеци, по што работодавецот има обврска да ги задржи на работа уште шест месеци. По завршување на обуката лицата ќе добијат сертификат.

– По завршување на обуката, младите ќе полагаат испит. Станува збор за млади лица кои потекнуваат од различни целни групи. Во проектот вклучени се фирми кои нудат најдобри услови и кои претходно се селектирани, изјави Ахмет Јашаревски од „ДРОМ“.

Кандидатите месечно ќе добиваат по 5.500 денари додека трае обуката. Фирмата добива исто така 5.500 денари надомест, но само еднаш.

Проектот освен во Куманово, се спроведува и во Скопје, Битола и Тетово