Три училишта од Куманово во финалниот натпревар „Биди безбеден“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во салата на Занаетчискиот дом во Куманово денеска се одржа супер финалето во натпреварот „Биди безбеден“ кој го организира Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Loading...

 

 

Повеќе прашања од реални ситуации од сообраќајниците во Куманово денеска се најдоа пред училишните сообраќајни единици на три училишта кои се натпреваруваа за пехар.

– Безбедноста во сообраќајот како важен сегмент за сите категории на граѓани во работата на полицијата е еден од приоритетите во секојдневното работење, првенствено со превентивни активности. Веќе низа години постојано сме во соработка со општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Куманово со кој постојано организираме активности со сите целни групи првенствено со помладите односно учениците, почнувајќи од градинки, основни и средни училишта, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција при СВР Куманово.

 

Loading...

 

Денешниот настан, како што појасни Богдановска, е во рамките активностите за безбедност на сообраќајот и подигање на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот.

– Овој пат за училишни сообраќајни единици формирани во 2019 година и секоја година покрај едукативниот дел согласно правилникот потпишан оод Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование, значи едукација нивна и пред крај на учебната година секогаш спроведуваме наптревари насловен „Биди безбеден“ кој го реализираме и оваа година. Шрвенствено претходно имаше натпревари во секое училиште за натпревар на најдобри тројца ученици каде потоа сите групно, 10 тимови засега имаме формирано, се натпреваруваа за прво, второ и трето место, кои денеска се тука во супер финале за да се добие една конечна слика за тоа која е најдобра училишна сообраќајна единица за учебната 2021-2022 година, рече Богдановска.

 

 

Карактеристично за овој натпревар, вели началникот, е што сите прашања се за реални ситуации и состојби од улиците во град Куманово.

– Со тоа сакаме да видиме колку го познаваат практично сообраќајот во својот град, каде што се движат и каде сите ние живееме, појасни Богдановска.

Loading...

 

 

Во суперфиналето денеска се натпреваруваа училишните сообраќајни тимови на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, „Бајрам Шабани“ и „Кочо Рацин“.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски

Loading...