Три симптоми на коронавирусот што можат да траат и до година дена

Сподели со своите пријатели

Германски истражувачи спровеле студија објавена во списанието „Clinical Infectious Diseases“, а резултатите од нивното истражување покажале дека 77,1 процент од пациентите со КОВИД имале симптоми на болеста дури и една година откако се заразиле.

Loading...

Најчестите симптоми кои траеле една година се намалена способност за вежбање – 56,3 проценти, замор – 53,1 процент и проблеми со концентрацијата – 39,6 проценти, покажала студијата.

 

 

Истражувачите откриле дека само еден симптом – опаѓање на косата – се намалил помеѓу пет и 12 месеци, а инциденцата паднала од 26,1 процент на 10,4 проценти.

Од друга страна, симптомите како што се диспнеа, т.е отежнато дишење и проблеми со дишењето, како и замор значително се зголемиле. Инциденцата на диспнеа се зголемила од 27,1 процент на 37,5 проценти, а заморот се зголемил од 41,7 проценти на 53,1 проценти, пишува Нова.рс

Оваа студија уште еднаш потврди дека луѓето кои се борат со КОВИД можат да почувствуваат симптоми дури и неколку месеци откако се заразиле со коронавирус.

Loading...

Претходните студии покажаа дека оваа состојба повеќе ги погодува жените отколку мажите.

 

 

Според неодамнешното истражување спроведено во списанието Lancet’s E Clinical Medicine, повеќе од 200 симптоми се поврзани со долгорочен КОВИД и тие влијаат на дури десет системи на органи во телото.

Некои од симптомите пријавени од пациентите биле: осип, дигестивни проблеми, грчеви во мускулите, губење на слухот, тинитус, замор, халуцинации, губење на меморијата, треперење, треска, треска, болка во грлото, заматен вид, конјунктивитис, отежнато дишење, кашлање со крв, кивање, сува кашлица, промени на прстите, како и несвестица.

Leave a Reply