Три пожари во кумановско изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Три интервенции во изминатото деноноќие бележат кумановските пожарникари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во селото Поток вчера во период од 06:00 до 07:05 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева.

Во текоа попладневните часови во месноста Багрем маала исто така се запалила сува трева, при што било интервенирано во период од 13:00 до 14:23 часот.

Тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале и на запалено стрниште во село Тромеѓа во период од 12:30 до 14:05 часот.

Причините за исбувнување на пожарите засега се непознати.

Leave a Reply