Три пожари на стрништа изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Три запалени стрништа гаснеле кумановските пожарникари во изминатото деноноќие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првиот случај бил завчера кога во период од 19:30 до 21:30 часот било интервенирано во атарот на селото Речица од страна на четворица вработени во Територијалната противпожарна единица Куманово.

Веќе во 20:35 втора екипа излегла на запалено стрниште на улицата „Доне Божинов“ и интервенцијата траела до 21:15 часот.

Третата интервенција е од вчера кога стрниште горело и во атарот на селото Ваксинце. Исто така огнот го гаснеле четворица пожарникари и тоа во период од 15:10 до 16:15 часот.

Leave a Reply