Три нестабилни маси ќе се судрат врз Куманово

Сподели со своите пријатели

Три нестабилни воздушни маси моментално му се закануваат на Куманово.

Loading...

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во подрачјето југоисточно од Куманово се наоѓа нестабилна воздушна маса која е речиси стационарна и повеќе од еден час предизвикува пороен дожд, грмежи, а можна е и појава на ситен град.

Вторто јадро на оваа маса е источно од градот, во подножјето на Средорек.

Друга нестабилна маса со поголеми размери се наоѓа северно од Скопје, која е со правец на движење кон Куманово, велат од УХРМ.

Во фаза на развој е нестабилна маса во реонот на река Бабуна.

Во наредниот период се уште на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply