Три недели по трагичната несреќа, Грција го рестартираше железничкиот сообраќај

Сподели со своите пријатели

Грција денеска делумно го рестартираше железничкиот сообраќај во земјата, три недели по трагичниот судар на воз во Темпи кај Лариса во кој загинаа 57 лица.

Loading...

Првиот утрински воз кој денеска тргна од станицата тргна од Атина за градот Иноја, а железничкиот транспорт меѓу Атина и Меѓународниот аеродром беше обновен, пренесува АП.

Воведени се нови безбедносни мерки, како што е задолжителното забавување на возот во областите каде што има зголемен ризик од судир, а зголемен е и бројот на персоналот во возовите и на станиците.

Железничкиот сообраќај во Грција ќе биде целосно рестартиран на 11 април, што вклучува превоз на релација Атина-Солун, каде на 28 февруари се случи тешка несреќа.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера најави дека парламентарните избори во Грција ќе се одржат во мај, но не прецизираше точен датум.

Неговата централно-десничарска влада се соочува со пад на довербата поради трагичната несреќа, а според некои анкети има само 3 проценти предност пред нејзиниот главен политички ривал, левичарската Сириза.