Три лица вчера приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Турчин, Албанец и скопјанец вчера биле приведени на Граничниот премин Табановце во три одвоени случаи.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 21:50 часот при извршена проверка било констатирано дека Џ.М.(24) од Скопје евидира на СТОП – Листа за издржување казна затвор за сторено кривично дело по чл.236 став 1, в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и истиот да се спроведе до КПУ-Затвор-Идризово.

Во 13,30 часот од страна на полициски службеници бил приведен И.Г.(52) од Република Албанија поради основано сомнение дека патната исправа била намерно оштетена (избришан штембил на една од страниците).

Во 18,10 часот при контрола на лицето Л.О.(43) од Р.Турција било утврдено дека доставените документи биле фалсификувани. При преглед над лицето пронајдена била турска возачка дозвола на име H.А.(42) од која бил утврден и вистинскиот идентитет на лицето.

Сите три лица биле предадени на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply