Три лица повредени во сообраќајка кај „АСНОМ“ во Пелинце

Сподели со своите пријатели

Три лица, од кои едно потешко, се повредени при сообраќајка несреќа која вчера се случила во близина на Меморијалниот центар „АСНОМ“ во селото Пелинце.

Loading...

– На 31.03.2021 во 16.25 часот било пријавено дека во близина на Меморијалниот центар „АСНОМ“, на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, во атар на с.Пелинце, патничко возило „пежо 106“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(21) од Куманово, изгубило контрола и излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата Е.К и сопатниците М.С.(22) и М.К.(21), сите од Куманово, биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај М.К. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Е.К. и М.С. се констатирани повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply