Три лица повредени откако трактор се преврте во кумановско

Сподели со своите пријатели

Три лица се здобиле со повреди, од кои едно со потешки, откако во кумановското село кучкарево се превртел трактор во кој се превезувале лицата.

Loading...

– На 04.08.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на земјен пат за село Габреш, во с.Кучкарево, кумановско, Д.Н.(75) од с.Кучкарево, управувајќи трактор „ИМТ 533“, со скопски регистарски ознаки, во кое како сопатници се превезувале В.Д.(58) и Ј.З.(82), двајцата од с.Кучкарево, изгубил котрола и удрил во земјена површина и се превртел, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, Ј.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Н. и В.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply