Три години затворска казна за Зоран Верушевски

Сподели со своите пријатели

 Во Основниот суд – Скопје 1, на тригодишна затворска казна денес беше осуден Зоран Верушевски, поранешн директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Loading...

Верушевски беше осуден на 3 години затвор за нелегално поседување на службен пиштол, кој го добил токму додека бил прв човек на УБК.

Откако судијката Ленка Давиткова ја изрече пресудата, сега веќе осудениот Верушевски сакаше да се обрати пред новинарите, меѓутоа истото не му беше дозволено, при што Верушевски до новинарите достави писмена изјава, во која пишува:

„Ова не е правда, ова е партиско – системска патологија, агресија врз слободата и демократијата, врз владеењето на правото и правната држава, врз човековиот интегритет и достоинство. И јас, исто како и Зоран Заев, овој Суд не го признавам зашто не може да го сопре времето да слободата и демократијата, која со сета своја силина доаѓа во Република Македонија“.

И покрај тврдењето на адвокатот Ангеле Илиевски дека Верушевски има оправдување за двата пиштоли за што првично се гонеше, тој денес беше осуден на тригодишна затворска казна, иако според Верушевски, пиштолот му бил доделен како награда во 1997 година, кога со МВР раководеше Томислав Чокревски.

Според тврдењата на Верушевски, МВР воопшто не доставиле барање тој да го врати пиштолот, а за тоа не е предвиден ниту временски рок.