Трговската размена до октомври 10,9 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Вкупно 10,9 милијарди долари изнесува трговската размена на Македонија во периодот јануари – октомври 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Извозот е 4,658 милијарди долари и бележи раст од 16,9 отсто, додека увозот достигнал 6,246 милијарди или 12,2 отсто повеќе.

Трговскиот дефици е 1,588 милијарди долари.

– Трговската размена покажува дека највеќе се извезуваат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, фероникел и облека. Во увозот најзастапени се платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија, наведува ДЗС.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, според вкупниот обем на размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Извор: МИА

Loading...