Тренинг курс за младински граѓански активизам и дијалог во мултиетнички заедници

Сподели со своите пријатели

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) со подршка на National Endowment for Democracy изминатите пет дена одржа тренинг курс во Маврово на кој се промовираше младински граѓански активизам и дијалог во  мултиетнички заедници во северна Македонија.

Со овој прект се опфатени општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.  На тренинг курсот учество зедоа 20 ученици од средните училишта во Куманово и Липково како и од основното училиште од Старо Нагоричане. Покрај учениците на тренинг курсот учество зедоа претставници од општинската и училишната администрација од овие три општини.

Преку овој тренинг курс, учесниците ги детектираа главните предизвици во нивните средини и развијаа најмалку 4 политики за застапување со цел промовирање на младинските права, активности за градење на мир и разрешување на конфликти од перспектива на младите. Активностите ќе се фокусираат на потикнување на меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог и ќе им овозможи на младите учесници да бидат промотори на општествени промени во нивните средини. Овие активности се целосно иницирани од учениците во средните училишта како и од основното училиште од Старо Нагоричане и истите ќе започнат да се имплеметираат од втората половина на септември – велат од ЦИД.

ЦИД одблиску ќе го мониторира прогресот на сите активности и во кој контекст истите се имплементираат. Заедно со младинска организација од Романија -FDPL која е партнер во овој процес, ќе спроведат импакт евалуација за да ги увидат промените како и силните и слабите страни на овие иницијатива. В

рз база на овој процес, ЦИД ќе ипечати водич за младинска граѓанска партиципативност, со цел да промовира човекови права и активности за градење мир, за што ќе бидат употребени специфични партиципативни алатки за зајакнување граѓански активизам во мултиетнички и мултикултурни средини.