Трамп: Русија и Кина се ревизионистички сили

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе наведе во говорот во кој ќе изложи стратегија за национални безбедности, дека Кина и Русија се ревизионистички сили и конкуренти кои настојуваат да ја оспорат моќта на САД и подрат американската безбедност и просперитет, јавува „Ројтерс“.

– Тие (се мисли Русија и Кина“ се одлучи во тоа економиите да ги направат помалку слободни и помалку праведни, војските да им зајакнуваат, како и да ги контролираат информациите и податоците за да вршат репресија над нивните општества и да шират влијание, пренесува агенцијата „Ројтерс“ делови од стратегоијата која ја објавила Белата куќа.

Во стратегијата, која е производ на повеќемесечни разгледувања кои ги имал претседателот на САД и неговите главни советници, не се повторува описот на климатските промени како закана за америакнската национална безбедност што во 2016 година го изложи тогашниот шеф на државата, Барак Обама.

Ројтерс по тој повод потсетува дека Трамп ведил повлекување на САД од Парискиот договор за клима доколку истиот не биде изземен.

– САД ќе продолжат да се залагаат за пристап кој ја урамнотежува енергетската безбедност, економскиот развој и заштитата на животната средина, пишува во документот кој Трамп треба да го прочита денеска.

Ставот на трамп за националната безбедност ги одржува неговиот приоритети согледани во предизборната порака „Америка на прво место“, кои вклучуваат заштита на територијата и границите на САД, обнова на американската војска, прикажување на силата во странство и тежнеење кон трговски политики кои повеќе одговараат на САД, оценува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека издавањето на Кина и Русија како ревизионистички сили во документот одржува внимателнсот на администрацијата на Трамп кон тие земји и покрај обидите на самиот претседател да изгради силни односи со кинескиот претседател Си Џипинг и рускиот претседател Владими Путин.