Трамп неочекувано влезе на венчавка, а еве како реагираше парот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп се појави на свадба во својот голф клуб во Бедминстер.

Loading...

– Тоа беше целосно изненадување, рекол младоженецот.

Младоженецот П.Ј. Монгели за CNN рекол дека Трамп прв пат се појавил за време на коктел за да ги запознае невестата Никол Мари и останатите членови на семејството.

Монгели рекол дека испратиле повеќе покани до претседателот, но не знаеле дали ќе се појави. Тој и неговата сопруга се силни приврзаници на Трамп, како и поголемиот дел од гостите.

Парот се свршил во голф клубот во ноември 2017 година.

Трамп неочекувано се појавувал на свадби и претходно. Во Јуни 2017 година, тој и јапонскиот премиер Шинзо Абе се појавиле на прием во голема сала во клубот на Трамп, „Мар а Лаго“ во Палм Бич на Флорида.

Фото:Youtube/Printscreen/Storyful Rights Management

Leave a Reply