Трамп најави повлекување на американската војска од Сирија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД Доналд Трамп даде изненадна објава дека американските сили ќе се повлечат од Сирија, повикувајќи се на поразот на ДАЕШ и потребата да се бранат американските граници и да се изгради „разрушената“ инфраструктура.

– Наскоро излегуваме од Сирија. Некој друг сега нека се грижи за неа, рекол Трамп за време на говорот за инфраструктурата во Ричфил во американската држава Охајо.

– Ја уриваме Исламската држава. наскоро ќе излеземе од Сирија. Некој друг сега нека се грижи за ена. многу бргу излегуваме, ќе имам сто отсто калифат, како го нарекуваат. Ние сето тоа го враќаме – бргу, бргу, рекол Трамп обраќајќи се на публиката која го поздрави со овации.

не е јасно што значи враќање на земјата. Сириските и руските сили постојано го нарекуваа военото присуство на САД во Сирија за „нелегално“.

САД потрошија седум милијарди долари на Блискиот исток, рекол Трамп опишувајќи дека Американците граделе училишта само за да бунтовниците ги рушат, додека за Охајо немало средства за градење на училишта.

Претходно Пентагон објави дека во Сирија се наоѓаат две илјади американски трупи.

Leave a Reply