Трамп му ја честиташе победата на Путин

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин разговарале по телефон, два дена по победата на Путин на претседателските избори ви Русија, соопштува Белата куќа, а пренесува Радио Слободна Европа.

Претставници од администрацијата на Трамп само навеле дека двајцата претседатели разговарале телефонски без иснесување на некои детали.

Трамп меѓутоа при средбата со саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман во Белата куќа во кратка изјава на новинарите им рече дека му ја честитал изборната победа на Владимир Путин,

Трамп рекол дека сака да се сретне со Путин „во не толку далечна иднина“ за да разговараат за тркава во вооружувањето, Икраина, Сирија и Северна Кореја.

Кремљ исто така нешто претходно соопшти дека Трамп му честитал на Путин за освоениот четврти мандат.

Наведено е дека за време на разговорот двајцата лидери покажале интерес за зголемување на економската соработка, ја нагласиле потребата да работат на намалување на тензиите на Корејскиот полуостров со дипломатски средства и дека исто така ја разгледале ситуацијата за Сирија и Украина.

– Нагласена е важноста од координирани напори за ограничување на трката за вооружување, соопшти Кремљ, а пренесува РСЕ.

Leave a Reply