Трамп и Зеленски се сретнале пред погребот на папата Франциск

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, се сретнале денес пред погребот на папата Франциск, а се согласиле повторно да се сретнат по церемонијата, подоцна во текот на денот, изјави извор од Ватикан за „Скај њуз“.

Loading...

Средбата се одржа откако Трамп изјави дека мировниот договор меѓу Украина и Русија е „многу блиску“.

Во Рим, Трамп и Зеленски присуствуваат на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква со своите сопруги, а засега не е познато за што разговарале, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Сигурен сум дека Путин се плаши од САД