Трамп го тужи CNN, бара отштета од 475 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара отштета од 475 милиони долари, тврдејќи дека мрежата водела „кампања за клевета и оцрнување“ против него.

Loading...

Во тужбата поднесена во сојузната држава Флорида, Трамп наведува дека Си-Ен-Ен, како водечка вест, значително влијаела тој да доживее политички пораз.

Си-Ен-Ен одби да ја коментира тужбата.

Трамп во тужбата од 29 страници тврди дека Си-Ен-Ен долго време го критикувал, но ги засилил своите напади во последните месеци бидејќи Си-Ен-Ен стравува дека тој повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Во документот се вели дека оваа медиумска компанија го нарече Трамп „расист, руски лакеј, бунтовник, па дури и Хитлер“.

Републиканецот Трамп, кој загуби на изборите во 2020 година од демократот Џозеф Бајден, се уште не кажа дали повторно ќе се кандидира за претседател.

Поранешниот претседател најави дека во наредните недели и месеци ќе поднесе повеќе тужби против други големи медиумски компании.