Трамп ги ги нарече медиумите болни и опасни, по информациите за неговото здравје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази гнев поради шпекулациите за неговата медицинска состојба по непланираната посета на воената болница во Вашингтон овој викенд.

Loading...

70-годишниот американски претседател заминал во болницата Волтер Рид во саботата на годишен преглед, пренесува Белата куќа.

Таа ненајавена посета, која доаѓа само девет месеци по претходната, отвори голем број прашања во јавноста.

На состанокот со членовите на неговиот кабинет од Белата куќа, Трамп денес се пожали дека неговата сопруга го прашала кога се вратил од докторот дали е во ред, и дека се вели дека имал проблеми со срцето.

„Бев таму кратко, рутински. Јас направив некои (медицински прегледи), остатокот ќе го направам во јануари“, додава Трамп кој започна да ги критикува медиумите

„Овие луѓе се болни! Медиумите во оваа земја се опасни. Деновиве немаме слобода на печатот. Ги имаме корумпираните медиуми и се надевам дека ќе станат свесни за тоа затоа што е многу лошо и многу опасно за нашата земја”, рече тој.

Лекар од Белата куќа доцна синоќа издаде изјава во која се вели дека и покрај некои шпекулации, Трамп не чувствува болка во градите и не е дијагностициран или лекуван за какви било итни проблеми.

За време на прелиминарниот преглед на Трамп во февруари, д-р Шон Коли изјави дека неговиот славен пациент е во „многу добро здравје“.

Loading...

Leave a Reply