Трамп бара членките на НАТО да издвојат 4% од БДП за одбраната

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп на лидерите на НАТО самитот во Брисел им порача дека наместо досегашните 2% од бруто домашниот производ, за одбрана во рамките на Алијансата би требало да издвојат 4 отсто.

Тоа на новинарите им го рекол бугарскиот претседател Румен Радев, а во меѓувреме потврдиле и од Белата куќа, пренесува Ројтерс. Во соопштението се наведува дека изјавата на претседатело на САД не била официјален предлог, туку повик на лидерите да ја зголемат потрошувачката за војската.

Претседателот Трамп кој прв го отвори самитот, отвори прашање дека трошоците не само што треба да достигнат два отсто од БДП, туку постави и нов праг од четири отсто, рекол Радев.

Американскиот претседател ги притиска европските земји повеќе да вложуваат во одбараната и ги критикува поради трговските договори за кои вели дека се неправедни кон САД.

– Каква корист за НАТО ако Германија плаќа на Русија милијарди долари за гас и енергетика? САД плаќаат за заштита на Европа, а потоа губи милијарди на трговија. Сите мора да платат два одсто од БДП веднаш, а не до 2025. година, напиша Трамп на Твитер.

Лидерите на НАТО земјите изразија непоколеблива посветеност на договорената цел во врска со трошењето средства за војската и изјазија загриженост поради заканите кои ги претставуваат Русија, Иран и Северна Кореја, јавуваат белгиските медиуми.

Leave a Reply