ТРАМП: Американскиот судски систем е неправеден

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп го критикуваше американскиот судски систем за кој вели дека е скршен и неправеден, а по одлуката на судот во Сан Франциско привремено да се блокира неговиот план за укинување на програмата која ги штити младите мигранти од депортација.

– Тоа само покажува на сите колку е неправеден и скршен нашиот судски систем кој е спротивна страна во еден случај, скоро секогаш го добива спорот пред пресудата да ја поништи вишиот суд, напишал Трамп на Твитер, а пренесува Ројтерс.

Американскиот окружен судија за северниот округ Калифорнија, Вилијам Олсуп, во вторник го одобри барањето на Калифорнија и друите подносители на жалби да го спречи Трамп да ја укине програмата за одложена акција за доаѓањето на децата (DACA) додека нивните тужби се актуелни на суд, пренесува АП.

Трамп во септември минатата година одлучи да го укине DACA. Програмата штити околу 800.000 лица, кои во САД нелгално влегле како деца или со членови на своите семејства, а на кои им е истечена визата.