Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа три пасоши

Сподели со своите пријатели

Агентите на Федералното биро за истраги (ФБИ) заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Loading...

Ова го напиша екс-претседателот на САД на социјалната мрежа Истина:

„За време на рацијата на ФБИ, ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“.

Трамп сето она што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.

Фокс њуз објави дека претставници на ФБИ и Министерството за домашна безбедност велат дека се соочуваат со нагло зголемување на заканите против нив.

Волстрит журнал објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго.

„Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.

Наводно I за кршење на Законот за шпионажа.

Loading...