Тракторист загина, четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишен тракторист, жител на селото Арачиново, вчера загинал во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Куманово, додека четири лица, од кои две малолетни се повредени.

Loading...

– На 06.10.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје  било пријавено дека на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атар на с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од с.Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С.(62) од село Арачиново, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од с.Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски