Трактор усмрти жител на Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18,00 часот во атарот на селото Старо Нагоричани- Куманово, Ц.М. (82) од с.Старо Нагоричани додека орал со трактор на нива на м.в.„Бела грамада“, удрил во дрво, по што тракторот се превртел, а Ц.М. починал на лице место, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово.

Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

Leave a Reply