Трагите за живот на Земјата 100 милиони години постари од што се мислело?

Сподели со своите пријатели

Научниците веруваат дека првиот траг за животот на Земјата се формирал пред 3,9 милијарди години.

Пред четири милијарди години планетата Теиа се судрила со Земјата и така настанала Месечината. Меѓутоа, најновите откритија покажале дека набргу потоа се појавила и трага за првиот клеточен живот на Земјата, кој се смета со заканувачко за се што денес постои на нашата планета.

Научниците со помош на истражување на ДНК материјал од Земјата, па дури и оној добиен од фосили, откриле микроб кој датира од периодот пред 3 милијарди години.

СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Октриена планета слична на Земјата на која е можен живот (видео)

Loading...

За микробот наречен „LUCA“ (last universal common ancestor) сметал дека е стар помеѓу 3,5 до 3,8 милијарди години, меѓутоа најновите откритија покажуваат дека неговата еволуција на нашата планета се случила околу сто милиони години порано.

Имено, истражувачите од бристолскиот Универзитет користеле молекуларна методата за истражување на ДНК материјал, за да се открие кога се појавила најраната форма на живот на Земјата.

Со испитувањата на генетски материјал од фосили и користењето на старите истражувања на молекулите, научниците од бристолскиот универзитет дошле да заклучок дека микробот „LUCA“ всушност е постар од што се верувало.

Молекуларното истражување се однесува на испитувањето на специфични геноми на различни видови се додека не се утврди заедничкиот предок на тој вид. Со оваа метода, можно да се најдат врски помеѓу видот за кој претходно не сме знаели дека постојат.

ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ НАУЧНИК: Земјата станува вжештена топка!

Имено, што повеќе генетски мутации поседува еден вид, толку постар е временски период кога нивниот заеднички предок ја населувал Земјата.

– За методата „молекуларен часовник“ користевме само фосили кои можевме да ги сместиме во временска линија на животот на Земјата. Испитавме 29 гени од 199 различни видови вклучително и бактерии, еукариоти, габи и археи, рекле  истражувачите и додале дека добиените резултати ги споредиле со фосили за кои знаеле дека се постари од три милијарди години.

Сепак, бидејќи на Земјата не постојат фосили кои датираат од периодот постар од 3,5 милијарди години, многу е тешко да се утврди колку формата на животот на Земјата можеме да го поврземе со овој микроб. Меѓутоа, методата на „молекуларниот часовник“ која истражувачите ја користеле во текот на истражувањето, допрва се очекува да доведе до значителни откритија.

Leave a Reply