Трафостаница во село Умин Дол заврши во пламен

Сподели со своите пријатели

Трафостаница лоцирана во атарот на селото Умин Дол вчера околу 11:45 часот завршила во пламен од засега непознати причини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во гаснењето на огнот интервенирале пет припадници на Територијалната противпожарна единица од Куманово со едно возило при што за половина час, односно во 12:12 часот го ликвидирале пожарот.

Не е позната висината на материјалната штета, како и причините за избувнувањето на огнот.