Трафики и автомобили изгореа во пожар пред скопско училиште

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 01,00 часот во Скопје, на ул.„Ферид Бајрам“ спроти ОУ “Панајот Гиновски“ настанал пожар при што биле зафатени три трафики чии сопствениците не се познати и три возила и тоа:  товарно моторно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило “Форд Транзит“ со  скопски регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.С и патничко возило “Опел Корса“ со странски регистарски ознаки  сопственост на лицето Љ.С.

Пожарот е локализиран,  а увид ќе се врши во текот на денов, информираат од МВР.