Товарно возило удри во 21-годишен кумановец, тешко повреден заврши во болница

Сподели со своите пријатели

На улицата „11 Октомври“ во Куманово вчеравечер околу 20:30 часот, товарно возило „опел вивара“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(31) од село Опае-општина Липково, удрило во пешак Г.А.(21) од Куманово.

Loading...

Во незгодата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply