Тоше Проески ќе добие улица во Србија

Сподели со своите пријатели

На еден од најдобрите пејачи не само во Македонија туку и на Балканот, покојниот Тоше Проески, ќе му биде дадена улица со негово име во селото Јабука кај Панчево, Србија.

Loading...

Предлогот улицата во селото Јабука, дом на голем број Македонци, да го носи името на еден македонски пејач, кој загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во 2007 година, беше упатен до Градското собрание на Панчево.

Жителите на Јабука сакаат на овој начин да му се одолжат на нивниот познат сонародник, кого Би Би Си го нарече балкански Елвис Присли.

Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево.

Leave a Reply