Топло и сончево време за продолжениот викенд што следува

Сподели со своите пријатели

Денеска останува сончевото време низ земјава. Ветер ќе има само локално попладне. Температурата ќе достигне максимум помеѓу 34°С и 37°С во повардарието, околу 31°С во југозападниот регион и до 33°С во Полог.

Loading...

Во Куманово денеска не очекува релативно стабилно и топло време. Температурата ќе се движи од минимални 11, до максимална девна од 32 степени целзиусови.

Што се однесува до продолжениот викенд може слободно да се препуштиме на природата и да го зграбиме последното топло време од летото. Не очекува температура од 34 степени целзиусови и стабилно сончево време.