Тони Михајловски позитивен на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник на претстојните локални избори во Куманово од ВМРО – ДПМНЕ, Тони Михајловски е позитивен на коронавирус.

Loading...

Веста вечерва самиот ја соопшти Михајловски на социјалните мрежи.

– Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово.