Тој е ентовеган и на плескавици, јаде скорпии на скара (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тинејџер од градот Луистон во Мејн (САД) кој се занимава со дигање тегови и кој во исхраната месото го заменил со инсекти и скорпии, тврди дека поради радикалната промена во мените, се чувствува посилно, особено во теретаната.

Loading...

Сем Бродбент има 18 години и вели дека е ентовеган кој сака да консумира специјалитети како што се скачки и марвки.

Минатиот октомври престанал да јаде место и намирници од животинско потекло. Денес омилени му се шејкови од мискани скачки и буритоси од скачки.

17 дена била исчезната во шума, јадела инсекти и спиела во пештери (ВИДЕО)

За појадок обично јаде воќна каша или каша од житарици во која додава прав ос качки. Вели дека кашата има пријатен „оревиден“ вкус.

Во посебни прилики, семејството на скара пече скорпии, со кои јаде тортиљи.

– Не почетокот сте малку гадливи, но се навикнувате на тоа. Откако практикував ваква исхрана од минатата есен, се чувствувам подобро од било кога, рекол Сем и додал дека за појадок обично јаде голема порција леќа со црви од брокули.

– Црвите имаат единствен вкус кој не се разликува многу од вкусот на семка од сончоглед. За вечера јадам претежно грав, ориз и скачки зачинети со лук и лимон, објаснил тој.

Loading...

Финските пекари лансираа леб од мелени инсекти

Сем смета дека, како што вели, ваквата исхрана, му овозможила во теретаната без проблеми да дига тегови од 150 килограми, додека претходно неговиот максимум биле тегови од 86 килограми, пренесува Дејли мејл.

Дека инсектите се одличен извор на протеини, младиот Сем вели дека дознал пред неколку години, кога на интернет видел продавница која продава таков вид храна. Тогаш станал свесен за идејата за дополнување на исхраната со намирници од инсекти.

Тој се подготвува да започне студии во Монтана. Свесен е дека еден број од новите пријатели на факултетот можеби нема да имаат разбирање за неговиот начин на исхрана, но, како што вели, ако некому тоа му пречи, ќе се труди својот оброк во студентската кантита да го јаде сам.

На крајот, Сем вели дека не гледа причина да престане да јаде инсекти наместо месо и смета дека така ќе се храни целиот свој живот.

Фото: Принтскрин Јутјуб

Leave a Reply