Тодоровски официјално назначен за директор на Центарот за култура

Сподели со своите пријатели

Професорот по македонски јазик, Сашо Тодоровски од денеска и официјално е нов директор на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Тодоровски доаѓа на местото на Роберт Цветковски, историчар на уметност, кој раководеше како вршител на должност.

Преземајќи ја функцијата истакна дека вратите на центарот за култура се отворени за сите кумановци кои што се активни во културата. Порача дека ќе се заложи Куманово да стане културна престолнина.

– Имаме разни идеи една од идеите е идната година да направиме фестивал на Детски театарски претстави, бидејќи сакаме да го популаризираме малку тој аспект од татарот, да ги промовираме детските театарски претстави со цел нашите театари повеќе да обрнат внимание на најмалите бидејќи помалку се запоставени во нашето општество. Имаме и други идеи да правиме младински фестивали, разни  културни движења и слично-истакна Тодоровски.

Досегашниот директор Цветковски истакна дека за изминатава речиси една година колку што беше на фукнцијата се обидел да ги врати на програмата манифестациите кои што беа укинати. Тој се надева дека со новиот директор ќе имаат одлична соработка.

– Во овој период направив неколку инфрастуткурни интервенции се обидов подобро да ги организирам вработените, самата манифестација денови на култура да ја доведам на повисоко ниво, на некој начин се обидов и изложбениот салон да го уредиме. Започнавме и посериозни инфраструктурни проекти работа на техничка документација на парен систем, мала сала и низа други проекти се надевам дека новиот директор ќе породлжи во таа насока да ги реализираме тие проекти бидејќи центарот за култура има потреба од нив со години-истакна Цветковски.

Тодоровски досега работеше во средното економско училиште „Перо Наков“.

Leave a Reply