Тодоровски: Од нашата држава да направиме респектабилен член на европското семејство (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нашиот јазик и културно наследство се македонски, а тоа го потврдува и договорот од Преспа, рече денеска на прес конференција директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово Сашо Тодоровски, кој ги повика граѓаните да излезат на референдумот закажан за 30ти септември.

Како што рече Тодоровски годинава е прогласена за Европската година за заштита на културното наследство која има цел да се промовира значењето на европското културно наследство и да се зајакне свеста за заедничката историја и култура.

– Македонија со влегувањето во ЕУ добива комплетна заштита на својот идентитет, јази и култура. Европската унија со своите механизми овозможува секоја нејзина членка да ја сочува својата индивидуалност и својата лична карта и да допринесе за збогатување и унапредување на европското семејество. Почитувани граѓани имаме шанса од нашата држава да направиме респектабилен член на европското семејство, затоа на 30ти септември да излеземе сите масовно и да заокружиме „за“ европска Македонија, рече Тодоровски.

https://www.facebook.com/protection.10900321334/videos/1793451544116627/

Loading...

Leave a Reply