Титовата вила “Галеб” повторно ги отвори своите врати (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Посетителите од денеска повторно имаат прилика да ја разгледаат вилата “Галеб” – бившата резиденција на Јосип Броз Тито која работи во рамките на Институтот Игало.

Loading...

Од оваа година посетите ќе бидат организирани и преку туристичките агенции, кои ја групираа вилата во програма за излети.

Бившата резиденција на Тито во Игало службено е отворена за посетителите пред година дена, прв пат откако е изградена во 1976 година, а во текот на минатат година ја имаат посетено околу пет илјади индивидуални посетители.

Паркот на вилата опфаќа површина од 70 илјади метри квадратни, додека самата вила се простира на 5,5 илјади метри квадратни.

Тито во неа престојувал во четири наврати, последен пат во 1979 година кога Црна Гора ја погоди разорниот земјотрес, пренесува Танјуг.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *