Типови на мажи кои најчесто завршуваат сами

Сподели со своите пријатели

За овие мажи наоѓањето и задржувањето на љубовта претставува исклучително тешка задача.

Loading...

Причините се кријат или во некоја нивна особина или животна навика поради која не можат да се посветат целосно на партнерката, или поради која жените едноставно не остануваат со нив бидејќи ризикот е премногу голем. Како резултат на тоа, овие мажи најчесто завршуваат сами, освен ако не решат да променат нешто во својот живот.

Според резултатите од истражувањето на компанијата Gallup, дури 60% од милениумците се чувствуваат осамено. Дали ве загрижува овој податок? Уште позагрижувачки е фактот дека покрај толку многу онлајн страници и апликации за дружење, луѓето пак се чувствуваат осамено.

Порталот Bright Side спроведе анкета меѓу своите корисници на тема зошто најчесто ја прекунуваат врската по неколку состаноци и состави список од 11 типови на мажи кои се тешки за толерирање и токму поради тоа најчесто остануваат сами.

Image by StockSnap from Pixabay

Мамин син

Покрај тоа што уште живее со родителите, иако не е средношколец или студент, а има услови да живее самостојно, овој маж не носи ниту една одлука во животот без да се консултира со мама, а од вас очекува да ја замените речиси во сите аспекти од неговиот живот.

Loading...

Фанатичен навивач

Испитаничките во анкетата рекле дека би прифатиле мажот да има други приоритети ако тоа го опфаќа семејството, здравјето или некој аспект на работата, но ако најголем дел од времето мажот посветува на неговиот омилен тим или спортист, тоа е голем минус. Да не зборуваме дека секој план се врти околу натпревари, а сите пари се трошат за дресови, шалови и во обложувалница.

Расипник

На почеток се расфрла со пари, инсистира да почести, купува подароци, сѐ што смета дека е потребно да се освои една жена, а потоа нема ни за кафе. За кратко време сфаќате дека живее „на кредит“ и позајмува автомобил од другарот. Не станува збор за тоа дека ги нема сите овие материјални нешта, туку дека копнее по нив, а не ги заработил и лаже за тоа.

Image by Pexels from Pixabay

Очаен

Ќе го препознаете по тоа што уште на првиот состанок зборува за брак и има идеи за имињата на вашите неродени деца. Проблемот е во тоа што тој само сака очајно да биде со некого, не да биде со вас.

Loading...

Leave a Reply