Тинејџерот со 610 килограми сега се „преполови“ и застана на нозе (видео)

Сподели со своите пријатели

Пред седум години Калед Мохсен Ал Шири бил тежок неверојатни 610 килограми, а хоспитализиран и со помош на експерти успеал да ослабне.

Сега има 24 години и 320 килограми, се уште се придржува до строг режим на исхрана и вежбање во болницата и повторно се учи да чекори.

Калед усеал да ослабне неверојатни 290 килограми со помош на строгата диета и истрајноста и упорноста.

Оваа момче неколку години било неспособно да оди поради преголемата тежина, а сега полека ги вежба првите чекори. лекарите од Ријад кои го лечеле велат дека момчето мора уште да ослабнува, но се горди на она што до сега го постигнал.

Кога во 2013-та година медицинскиот хеликоптер го пренел во болницата тој има 610 килограми, а третманот за лечење од гојазност му го обезбедил Абдулах, кралот на Саудиска Арабија.

Скоро 30 луѓе вработени во болницата морале да се здружат за да го качат на кран кој специјално за Калед бил порачан од САД.