Тинејџери од Слупчане шверцувале 18 мигранти

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 21.00 часот на автопатот Неготино – Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“, било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица – илегални мигранти од Авганистан.

Возачот А.Н. (19) и совозачот Л.С. (18), двајцата од с.Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постапка.

Leave a Reply