Тежок удар за колумбиски картел: Запленети над четири тони кокаин во Италија

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција заплени 4,3 тони уличен кокаин вреден 240 милиони евра, што му нанесе тежок удар на колумбискиот клан дел Голфо, соопштија истражителите.

Loading...

Полицијата соопшти дека станува збор за една од најголемите вакви заплени во Европа и дека се издадени налози за апсење на 38 лица во шест земји – Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија.

Во истрагата, која траела повеќе од една година, биле вклучени колумбиското правосудство и американската Агенција за национална безбедност.

Освен кокаин, запленети се и 1,85 милиони евра.

Колумбиските власти објавија минатиот ноември дека се фокусирани на разбивање на Кланот дел Голфо, чија мрежа се протега во 28 земји ширум светот, по апсењето на водачот на тој клан, Даир Антонио Усаџ, наречен Отонел, во октомври 2021 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

„Уште еден тежок удар за најважната група меѓу колумбиските нарко банди“, велат истражителите од Трст.

Тие, исто така, изјавија дека нивната работа открила „густа мрежа“ на врски меѓу јужноамериканските производители на кокаин и европските купувачи, што кореспондира со организираните криминални групи кои дејствуваат низ цела Италија, вклучително и Калабрија, каде што е седиштето на кланот Ндрангета.

Соопштено е дека полицијата следела 19 последователни испораки на дрога од мај минатата година, што и овозможило да идентификуваат важни посредници „во глобалниот систем на трговија со дрога и голем број трговци“.

Loading...

Повеќе детали треба да се соопштат на прес-конференцијата.