Тетовирана мачка што живеела во затвор, сега бара дом (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се бара нов дом за уникатната мачка сфинкс во Мексико, која сè уште не е именувана, има околу една година и поминала одредено време во затвор, каде што претрпела малтретирање од страна на криминална банда, вклучително и тетовирање.

Loading...

Мачката сега е во мексиканскиот град Хуарез каде е добро згрижена во засолниште за животни.

 

 

Полицијата ја нашла во затвор и ја однела во азил.

Членовите на бандата во затвор дури правеле тетоважи на кожата од мачката. Речиси целосен недостаток на влакна е типичен за оваа раса на мачки. Телото на мачката сфинкс е покриено само со лесни, едвај видливи влакна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Момче дух“: Поминал 13 години заробен во сопственото тело, па се разбудил од кома

 

Loading...

 

Тетоважите се на двете страни на нејзиното витко, сиво тело и ги вклучуваат зборовите Made in Mexico.

Властите велат дека сега го бараат вистинското семејство за да ја однесат мачката, која не е на продажба, во нивниот дом.

– Мачката е многу социјална и во одлична форма, немам никакви инфекции – изјави за Ројтерс Цезар Рене Дијаз, претставник на локалната власт во градот Хуарез.