Тест за општа информираност: Ако одговорите само на пет прашања вие сте генијалец!

Сподели со своите пријатели

Одговорите на овие интересни прашања веројатно ќе ве изненадат, но иако се неочекувани и чудни сепак се целосно точни. Овие прашања ни покажуваат дека и наизглед безсмислени прашања имаат свои одговори.

Loading...

1. Според Меѓународната асоцијација за авио сообраќај, овие двајца патници никако не смеат да седат во ист ред во авион. Кои се тие?

2. Група жени влегле во локален автобус. Иако во автобусот немало гужва, сепак седнале на задните седишта. Зошто?

3. Во 1445 година, луѓето во Москва помислиле дека се соочуваат со апокалипса, кога црквените ѕвона започнале да ѕвонат истовремено сами од себе. Меѓутоа истиот тој „суден ден“ се случил во 1091 година во Киев и во 1802 година повторно во Москва. Која била причината за тоа?

4. Жителите на Мајнмар (Бурма) одгледуваат стока и живина, но скоро никогаш не ги колат. Обично ги продаваат животните во маркетите, главно во соседните земји како Кина и потоа го откупуваат месото назад. Зошто  вака трошат време и пари?

5. Некогаш кратењето опашка била вообичаена пракса во Европа, без оглед на расата на кучето. Зошто?

6. Секој ден, нашата планета Земја станува се потешка, всушност добила 60 тони. Што?

7. Што Русија, Турција и Египет имаат заедничко.

Loading...

8. Во 1945 година, секое пиле убиено во градот Музо во Колумбија било предмет на испитување од страна на јвениот функционер. Од каде таков чуден закон?

9. Во 1965 година, Пеле добил златен медал од британското министерство заобразование за својата автобиографска книга „Пеле“. Зошто таа книга имала толкаво значење заобразованието?

10. Во 1997 година кога државниците во Табаск, Мексико одлучиле да ги забранат сите видови пива за да го намалат алкохолизмот кој бил во подем. Наишле на прилично негативни реакции. Тогаш Конгресот дошол на одлична идеја. Забраниле продажба само на еден вид пиво. Кое?

11. Некои африкански племиња носат на нозете полни вреќички инсекти кога одат ноќе во лов. Зошто им се потребни инсектите?

12. Во Свазиленд, никогаш не смеете да го вознемирувате сенаторот додека го прави ОВА на седницата на парламентот, затоа штоможеби се консултира со големите предци во тој момент. Што тој всушност прави?

13. Мал град во Андалузија, Шпанија е првото пристаниште во светот кое започнало на трговците да им наплаќа за користење на крајбрежјето. Кое е името на тој град?

14. Оваа река во Орегон, Сад го држи рекордот во Гинисовата книга како најкратка река во светот, долга есамо 130 метри. Нејзиното име започнува на буквата „Д“ и веројатно има и најкратко име за река во светот. Како се вика таа река?

15. Астронаутите велат дека од вселената коритата на реките личат на крвоток на жив организам. Како интересна опсервација. Случајност или не, за време на Втората светска војна,лекарите ја користеле ОВАА вода наместо крвната плазма. За која вода се работи?

Loading...

16. На далтонистите на им било дозволено да обавуваат воена служба во воздухопловството на САД пред 1941 година. Меѓутоа, ситуацијата се променила со почетокот на Втората светска војна. Одеднаш тие станале најбараните од сите кандидати. Зошто?

17. Морското дно на некои Северни мориња често има виножита, тесни бразди. Тие достигнуваат стотина метри должина и скоро пет метри длабочина. Кој е одговорен за овој феномен.

Одговорите дознајте ги на следната страница…

Pages: 1 2

Leave a Reply