Тешко повреден пешак од Куманово, откако сограѓанин удрул во него

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец е тешко повреден откако во него со автомобил удрил негов сограѓанин. 

Loading...

– На 06.12.2021 околу 19.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (36) од с.Черкези, кумановско, удрило во пешакот Ш.О.(41) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа на СВР Куманово извршила увид.