Тешко повреден пешак на патот Куманово – Никуштак

Сподели со своите пријатели

Шеесет и тригодишен жител на липковското село Отља бил тешко повредне откако во него удрило возило управувано од мештанин на селото Ропаљце.

Loading...

– На 24.10.2021 во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – село Никуштак, во селото Отља, општина Липково, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(52) од село Ропаљце, општина Липково, удрило во пешакот Н.С.(63) од село Отља, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што појаснуваат од полицијат,а со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски