Тешко повреден мотоциклист од Куманово, по судир со автомобил

Сподели со своите пријатели

Вчера во 15.30 часот во селот Лопате, кумановско, на место викано „Турски гробишта“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(42) од село Лопате и мотоцикл  непозната марка, управуван од И. М.(28) од селото Лопате.

Во незгодата со тешки тлесни повреди се здобил мотоциклистот, кој со друго возило бил пренесен во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply