Тешко повреден мотоциклист од Куманово по судир со автомобил

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишен кумановец е тешко повреден откако вчера попладне со својот мопед учествувал во сообраќајна незгода со „ауди А3“.

Loading...

– На 30.06.2020 во 15.30 часот во Куманово, на ул.„Никола Тесла“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(54) и мопед „априлија“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Ж.(19), и двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply