Тешко повреден малолетен мотоциклст од Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово ноќва се здобил со тешко повреди откако паднал од моторот што го управувал.

Loading...

– На 11.08.2022 во 02.50 часот било пријавено дека во Куманово на бул.„Трета македонска ударна бригада“ малолетник од Куманово, управувајќи мопед „џилера“ со кумановски регистарски ознаки, паднал на коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Низа хуманитарни настани на Црвен крст Куманово во април