Тешка сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка, интервенираат и пожарникарите

Сподели со своите пријатели

Тешка сообраќајка помеѓу камион и автомобил попладнево пред 16 часот се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, веднаш по мостот на реката Пчиња кај село Војник.

Според неофицијални информации од теренот станува збор за потешка сообраќајна несреќа, а на терен интервенираат две возила на Итната медицинска помош, неколку екипи од СВР Куманово, но и екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Случајот го потврдија од кумановската противпожарна служба, но од таму велат дека интервенцијата е се уште во тек и не можат да споделат повеќе информации.

Од МВР детали најавија за подоцна во текот на денот.

Leave a Reply