Терористи подготвувале напади во Иран: Силите на безбедноста ги ликвидирале

Сподели со своите пријатели

Иранските безбедносни сили лоцирале и уништиле странска терористичка организација која се нашла на северозападот на земјата, наведува новинарката на агенцијата Фарс.

– Вооружени анти-револуцинерни тимови кои илегално влегле во Иран со мисија да извршат терористички напади и да убијат луѓе во операции под лажно знаме за да се зајакнат анти-владините чувства и потикнат натамошни немири, иденфитикувани се од страна на разузнавачките сили во Пираншахру. Терористите пукале врз безбедносните сили и користеле ена од селото како човечки штит за време на ослободителната акција на иранските сили, рекол анонимен извор за агенцијата Фарс Њуз.

Тројца полицајци загинале, додека три тимови на странските милитанти биле уапсени. Градот Пираншахр лежи близу границата на Ирак и Турција.

Влегувањето на странските терористички сили во Иран доаѓа по смирувањето на бранот протести кои изминатата недела го тресоа Иран. Додека првобитните демонстрации имаа за цел сузбивање на економските потешкотии, како што се високите трошоци за живот и невработеноста на младите, набргу излегоа од контрола кога група вооружени противници на Исламската Република Иран покренаа напади на силите врз силите на безбедноста, јавниот имот и верските објекти.

Изминатите два дена исто така минаа со масовни демонстрации во знак за поддршка на Исламската Република и против странското мешање во внатрешните прашања на Иран.